Осма повреда на Педри во кариерата, трета сезонава

Осма повреда на Педри во кариерата, трета сезонава

пред 10 месеци

Тренерот на Барселона Чави и неговиот стручен штаб се загрижени поради новата повреда на суперталентираниот Педри.

Овој 21-годишен играч за врска на Каталонците беше заменет во првото полувреме од дербито од 27. коло на шпанската Примера против Атлетик Билбао (0:0).

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Педри заработил нова повреда на мускулот на десната надколеница. Талентираниот фудбалер оваа сезона веќе двапати имаше слични проблеми, а ова му е осма повреда од 2021 година.

Во моментов лекарската служба на Барселона не може да предвиди кога фудбалерот ќе може да се врати, но повредата ја оценуваат како сериозна. Засега се препорачува Педри да одбие хируршка интервенција и да прибегне кон конзервативен третман.

Педри за Барселона игра од септември 2019 година.

Избраниците на Чави по 27. коло се на третото место на табелата со 58 бодови, осум помалку од водечкиот Реал Мадрид.

Share
Scroll to Top