Откупната клаузула ги кочи преговорите за новиот договор на Фернандеш

Откупната клаузула ги кочи преговорите за новиот договор на Фернандеш

пред 3 години

Бруно Фернандеш и Манчестер јунајтед не можат да ги усогласат ставовите околу новиот договор. Португалецот пред 18 месеци пристигна на „Олд Трафорд“ и веднаш се наметна како лидер во тимот. Тие негови квалитети, ги принудија да клупските челници да му понудат нов договор, и покрај тоа што актуелниот му истекува за три и пол години.

Манчестер јунајтед на Фернандеш му нудат значително поголема плата, околу 18 милиони фунти на годишно ниво. Платата не е проблем, Фернандеш ја прифатил веднаш, меѓутоа проблем прави откупната клаузула.

Јунајтед го одбиле предлогот на менаџерот на фудбалерот, Мигуел Пиња, во договорот да биде вметната откупна клаузула.

Наводно, Фернандеш, во еден дел од кариерата имал желба да го облече дресот на Реал или Барселона.

Share
Scroll to Top