Пандев: Опстанок со Џенова, ЕП со Македонија, па пензија

Пандев: Опстанок со Џенова, ЕП со Македонија, па пензија

пред 6 месеци

Легендата на македонскиот фудбал, човекот кој со својот гол во Тбилиси, ја однесе Македонија на ЕУРО 2021, Горан Пандев, има во план оваа година да стави крај на импресивната кариера.

„Во 2021 ќе наполнам 38 години и навистина мислам дека ова ќе ми биде последната година во кариерата. Најпрвин да обезбедам опстанок со Џенова во Серија А, а потоа со Македонија да го исполнам својот сон и да заиграм на ЕП, потоа ќе се пензионирам“, рекол Пандев.

Покрај пласманот со Македонија на ЕП, најголемиот успех во кариерата на Пандев е титулата во Лигата на шампионите која ја освои со Интер во 2010 година.

Пандев во кариерата настапувал во Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Галатасарај.

Share

GoGoAnime watch anime: JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) (https://gogoanime.be/m/Qk9W) Episode 39

AniWatch anime online: Black Clover: The All Magic Knights Thanksgiving Festa Episode Full

Scroll to Top