Паника на Гудисон – Евертон соочен со нова казна

Паника на Гудисон – Евертон соочен со нова казна

пред 12 месеци

Премиерлигата би можела уште еднаш да го казни Евертон, тврдат медиумите. Неодамна на Евертон му беа одземени 10 поени поради прекршување на регулативите за финансиски фер-плеј.

До 31 декември, согласно новите правила, клубот ќе треба да испрати финансиски извештај за сезоната 2022/23 до седиштето на лигата.

Според новите правила, секое прекршување ќе биде брзо проверено и решено до крајот на сезоната.

Во случај да има нерегуларности, на Евертон би можел да му бидат одземени повеќе бодови пред крајот на сезоната.

Инаку, Евертон во период од три години забележа загуба од 372 милиони фунти.

Тоа е за 250 милиони повеќе од дозволената граница на Премиер лигата за период од три години.

Share
Scroll to Top