Пеле повторно на интензивна нега

Пеле повторно на интензивна нега

пред 2 години

Бразилската фудбалска легенда Пеле повторно е на одделот за интензивна нега во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Пауло, објави „ЕСПН Бразил“.

80-годишниот Пеле си замина од болницата во вторникот по успешната операција за отстранување на тумор во дебелото црево, а од болницата официјално објавија дека немаат коментар.

Откако си замина од болницата оваа недела, Пеле преку социјалните мрежи порача дека е подготвен за „90 минути и продолженија“, но ова е последен во низата здравствени проблеми за легендата. Тој одамна не може да оди поради операција на колкот, а последите години беше и на операции за бубрезите и простатата.

Пеле е трикратен освојувач на Светското првенство со Бразил (1958, 1962 и 1970) и уште е најдобар стрелец на „селесао“ со 77 гола во 92 меча.

Share
Scroll to Top