Еурофарм Пелистер со победа ги стартуваше натпреварувањата во СЕХА лигата, откако се врати по лошото прво полувреме за 30:26 победа над стариот познаник, лидерот во српската лига, Металопластика од Шабац.
По израмнетите први 20 минути, Металопласика во финишот на полувремето направи предност од два гола (12:14), пред предводени од Стипе Мандалиниќ и Мартин Велковски, македонскиот клуб да ја надополни разликата на стартот на полувремето и потоа да стигне до победа.
Јосип Периќ заврши со 8 гола за Пелистер, Мандалиниќ имаше 6, а Невен Стјепановиќ 5, додека за Металопластика најефикасен беше Дејан Бабиќ со 7 гола.