Виери: Меси е Хари Потер во фудбалот, кога ќе се повлече  ќе го фрлам телевизорот

Виери: Меси е Хари Потер во фудбалот, кога ќе се повлече ќе го фрлам телевизорот

пред 3 години

Кристијан Виери, човекот кој во кариерата играше за трите најголеми италијански клубови (Интер, Милан и Јувентус), во изјава за Си-би-ес Спорт, бил воодушевен од играта на Барселона против Јувентус.

Барселона, во Лигата на шампионите, го победи Јувентус во Торино со 2:0. Головите за „блауграна“ ги постигнаа Дембеле и Меси од пенал.

„Барселона беше сјајна, лесно можеше да постигне шет-седум голови. Играа фантастично. Меси е магионичар. Тој е фудбалскиот Хари Потер. Кога Меси ќе престане да игра фудбале, ќе го фрлам телевизорот. Повеќе нема да работат ниту како ТВ-коментатор, ќе гледам Нетфликс. Тоа е тоа, кога тој ќе се пензионира ќе нема што да гледам“, рекол Виери.

Share
Scroll to Top