Пепе незадоволен од минутажата во Арсенал

Пепе незадоволен од минутажата во Арсенал

пред 4 години

Фудбалерот на лондонски Арсенал, Николас Пепе изрази незадоволство од минутажата која сезонава ја добива од менаџерот Микел Артета во екипата. Тој одигра солидно во натпреварите од кои беше дел сезонава, но само на еден меч во Премиерлигата беше стартер.

„Мојата цел е да играм повеќе, да имам поголема минутажа. Само играч кој игра е среќен играч. Јас би сакал да играм повеќе и повторно да почнам да се смеам“ изјави Пепе за француски Канал плус.

Тој минатото лето дојде во Арсенал за 72 милиони евра.

„Артета сака да бидам 100-отсто концентриран во текот на сите 90 минути. По ова, во текот на тренингот гледам дека ќе сум резерва следниот викенд. Тренерот разговара со мене, но фрустрирачки е за играчот да седи на клупа. Тренерот одбира, а мое е да му покажам дека неговата не е моја улога“ вели репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска.

Пепе досега за „Топчиите“ одигра 54 меча и постигна 11 гола.

Share
Scroll to Top