Пеп откако се израмни со Мурињо: Знаеме дека немаме многу историја

Пеп откако се израмни со Мурињо: Знаеме дека немаме многу историја

пред 3 години

Пеп Гвардиола, конечно, успеа да ги однесе Манчестер сити во полуфиналето на Лигата на шампионите и не го криеше своето задоволство од постигнатото по елиминацијата над Борусија Дортмунд.

Ова ќе биде осмо полуфинале за Гвардиола во Лигата на шампионите, со што го израмни рекордот на неговиот вечен ривал, Жозе Мурињо.

„Пресреќен сум за клубот, за организацијата, за претседателот, играчите, фановите… За сите! Ова е вторпат Сити да е во полуфиналето, така што знаеме дека немаме некоја историја. Бевме брилијантни, освен во првите 10 минути кога тие беа подобри. Пресреќен сум што сме меѓу најдобрите четири клуба во Европа. Ќе се обидеме да играме добар фудбал и да ги победиме и Пари Сен-Жермен. Ова натпреварување е прекрасно, но во исто време и многу нефер. Сите не ценат според тоа. Ако испаднеме ќе бидеме неуспех, сезоната ќе биде катастрофа, но играте 11 месеци во Премиер лигата, за куповите, за другите мечеви“, вели Гвардиола.

Share
Scroll to Top