Пике на нова пауза

Пике на нова пауза

пред 5 години

Џерар Пике, поради повредата на десното колено, повторно ќе оди на пауза. Пике, се повреди, во второто продолжение на натпреварот со Севилја. Барселона, во драматичен натпревар ја елиминираше Севилја, а продолженијата ги избори Пике со голот што го постигна во 94.минута.

Пике, поради повредата на десното колено, паузираше три месци. Во тимот се врати пред десет дена, а сега ќе мора да отсуствува три недели. Денешните прегледи покажале истегнување на лигаментите во десното колено.

Пике, поради оваа повреда, ќе го пропушти осмина-финалниот реванш со ПСЖ, во Лигата на шампионите и тешкото гостување во Сан Себастијан, против Реал Сосиедад.

Share
Scroll to Top