Пирло блокирал трансфери на тројца фудбалери

Пирло блокирал трансфери на тројца фудбалери

пред 6 месеци

Андреа Пирло блокирал продажба на тројца фудбалери на Јувентус минатото лето, вклучувајќи го и тој на Мерих Демирал кој бил пред трансфер во Лестер, тврди познатиот италијанскиот новинар Фабрицио Романо преку „Калчомеркато“.

По сезоната на Маурицио Сари, Демирал, Адриен Рабио и Данило биле подготвени за трансфери, пред Пирло да ја убедил управата дека тие се клучни во неговата визија за клубот.

Рабио бил пред трансфер во Премиер лигата, но Пирло посебно се ангажирал за него, за што добро зборува и изјавата по мечот со Каљари кога тренерот изјави дека „и тој самиот не знае колку е силен“. Лестер, пак, дале конкретна понуда за Демирал, која Јувентус ја одбиле.

Share

ANIMEFLIX animeflix ios: Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 11

4Anime watch animes: Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 26

Scroll to Top