Поветкин позитивен на КОВИД-19, нема римеч со Вајт

Поветкин позитивен на КОВИД-19, нема римеч со Вајт

пред 6 месеци

Римечот во тешка категорија меѓу Дилијан Вајт и Александер Поветкин е одложен за 2021 година, откако рускиот боксер заврши во болница со позитивен тест на КОВИД-19.

Промотерот Еди Херн потврди дека мечот кој требаше да се оддржи на 21 ноември во Англија е презакажан за 30 јануари 2021 година.

„Прво, му посакуваме на Александер Поветкин брзо опоравување и знаеме дека ова е проблематично време за бокс и шоу. Следните неколку месеци ќе биде вака, но не се откажуваме од плановите“, вели Херн.

40-годишниот Поветкин (36-1-2, 25 КО) го нокаутираше 32-годишниот Вајт (27-2, 18 КО) во петтата рунда од нивниот прв меч во август.

Поветкин двапати се крена, за брутално да го нокаутира Вајт

Share

AnimeFreak watch animes: Watch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 36 (https://animefreak.ws/m/Yoa/ep-36)

4Anime anime: Watch SK8 the Infinity (Dub) Episode 7

Scroll to Top