Франција е еден од најголемите, ако не и најголемиот фаворит за освојување на титулата на ЕП, кое ќе започне за шест дена. Француските фудбалери, на ЕУРО 2020, доаѓаат како актуелни светски шампиони.
Силната француска репрезентација за овој турнир дополнително се засили со Карим Бензема, кој по пауза од шест години се врати во репрезентацијата.
Бензема, заедно со Гризман и Мбапе ќе го предводи нападот, а со редот за врска ќе диригира Пол Погба.
„Силниот тим што го имавме уште повеќе се засили со враќањето на Карим Бензема. Прекрасно е што неговото име повторно е на спискот, кој беше импресивен и пред неговото враќање. Чест ние што и тој е дел од овој силен тим. Но, прогнозите нема ништо да значат, доколку силата не ја покажеме на теренот“, рекол Погба и порачал.
„Мораме да покажеме скромност. Сакам на сите оние кои веќе не гледаат со пехарот да им порачам дека ништо не е решено. Можете да зборувате што саката, но ние не летаме во облаците“.
Погба одговорил и на констатцијата дека Франција е толку силна што делува како тим од Плеј стејшн.
„Да, навистина тимот делува како од Плеј стејшн, но доколку не го освоиме ЕУРО, на тоа и ќе останеме“.