Покрената истрага против возачот на Марадона

Покрената истрага против возачот на Марадона

пред 4 години

Во Аргентина и понатаму трае истрагата за смртта на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Марадона. Иконата на аргентинскиот фудбал, почина на 25.ноември, од акутен едем на белите дробови.

Обвинителството покрена истрага веднаш по смртта на Марадона. Досегашниот тек од истрагата покажала дека имало многу пропусти во неговото лекување. Марадона неколку дена пред смртта, бил пуштен на домашно лекување, откако у била извршена операција на мозокот.

Обвинителите побарале истрага против возачот на Марадона, Максимилијан Тримарчи, кој тврдел дека не бил во куќата кога починал славниот фудбалер, меѓутоа камерите и податоците од мобилниот телефон го покажале спроитвното.

Обвинителството наредиле да биде извршен претрес во неговиот дом и да му бидат одземени мобилниот телефон и компјутерот. Тој бил забележан како неколку пати влегува и излегува од куќата.

Инаку, 44-годишникот е брат на сметководителот на Марадона.

Share
Scroll to Top