Англискиот пејач Ед Ширан официјално е пријавен како играч на Ипсвич таун пред сезонта 2011/12 во англискиот третолигаш, но се надева дека нема да го повикаат да игра.
30-годишниот Ширан го доби дресот број 17 од тимот од Лига 1 и ќе биде присутен на официјалната фотографија на тимот пред стартот, како дел од благодарноста за поддршка на клубот чиј страствен навивач е и чиј главен спонзор е на дресовите на машкиот и женски тим.
„Лудо, нели? Кога ми кажаа мислев дека се шегуваат, но ми се допаѓа идејата. Мислам дека не очекува одлична сезона и почестен сум што ќе бидам дел од неа. Се надевам дека ова е само церемонијално бидејќи сакам да одиме лига понапред, а тоа нема да се случи ако јас играм“, вели Ширан.
? @edsheeran might be used to being number one, but it’s 17 that is next to his name on Town’s official squad list for the 2021/22 season!
? #itfc
— Ipswich Town FC (@IpswichTown) August 6, 2021