Поранешниот УФЦ фајтер Антигулов уапсен со пиштоли во Дагестан

Поранешниот УФЦ фајтер Антигулов уапсен со пиштоли во Дагестан

пред 4 години

Поранешниот УФЦ фајтер во средно-тешка категорија, Гаџимурад Антигулов е уапсен со два пиштоли во Дагестан како дел од истрага за тепачка на свадба во регионот минатата година.

34-годишниот Антигулов минатиот декември направи вистински хаос на една свадба во Дагестан, откако од него било побарано да престане да пие алкохол.

„Антигулов е уапсен, пронајдено е оружје, иако е нејасно дали е негово“, објави новинската агенција „ТАСС“.

По ова се појави негово видео во полициската станица во Махачкала, каде што тој тврди дека ги пронашол пиштолите додека тренирал.

„Ги најдов оружјата додека трчав, но немав време да ги предадам на полицијата. Бев болен од корона вирусот и седев дома“, вели Антигулов.

Антигулов влезе во УФЦ во 2016 година и по први две победи, загуби четири пати едноподруго, последен пат од рускиот сонародник Максим Гришин во октомври, по што објави дека ја напушта федерацијата.

УФЦ фајтер предизвика општа тепачка на свадба во Дагестан

Share
Scroll to Top