По хемотерапијата, Суарез Наваро планира камбек!

По хемотерапијата, Суарез Наваро планира камбек!

пред 2 години

Шпанската тенисерка, Карла Суарез Наваро вели дека се надева дека во втората половина на 2021 ќе се врати на ВТА турнејата откако ќе заврши нејзината хемотерапија.

На 32-годишната Суарез Наваро и беше дијагностициран Хоџкинов лимфом, опасна болест со голем морталитет, но таа не ја губи надежта за враќање.

„Третманот оди добро и затоа сум среќна. Сега сум во последната фаза, мислам дека имам уште месец и пол од третманот. Уште три хемотерапии, а потоа ќе видиме дали ќе одиме на радиотерапија. Мислам дека во февруари ќе биде готово. Не знам дали ќе можам да играм во 2021, но не сакам да се откажувам предвреме“, вели Суарез Наваро во интервју за „Мундо депортиво“.

Таа вели дека не престанала со тренинзите и со подготовките.

„Прво почнав да работам во теретана, да ја враќам мобилноста на раката. Потоа си помислив, зошто да не играм малку тенис, како што правев цел живот? Се обидов, прво со детски топки, и сега одам два три дена со рекет во рака. Би сакала да имам шанси уште еднаш да играм на гренд слем, се надевам во вториот дел од сезоната, а би можела и да одам на Олимпијада. Имам заштитен рејтинг од 68. место, а изборот за Токио ќе биде помеѓу 60-тото и 70-тото место. Ќе видиме што ќе се случи со корона вирусот“, додава Суарез Наваро.

Share

sunwin.apk mới nhất game bài sunwin sunwin.apk mới nhất

sunwin

tải sunwin

sunwin apk sunwin tài xỉu sunwin tài xỉu

sunwin

Scroll to Top