Првпат по цели 17 години Реал и Барса губат во ист ден

пред 4 години

Фудбалерите на Барселона вчера во мечот од 6 коло на Ла Лига загубија со 1-0 на стадионот „Алфонсо Перез“ кај Хетафе, а Реал Мадрид на својот стадион беше изненаден од новиот прволигаш Кадиз со истиот резултат. Двата најдобри шпански клуба ретко губат мечеви, а двата тима да загубат меч во домашното првенство се нема случено уште од 2003 година. Последен пат пред „Ел Класико“ Реал загуби од Сосиедад со 4-2, а Барселона со истиот резултат беше поразена на свој терен од Депортиво Ла Коруња. На тогашното „Ел Класико“, пред 17 години по двата порази, Барса и Реал ремизираа со 1-1. За „Кралевите“ прецизен беше Роналдо Назарио, а за Барса Луис Енрике.

Share
Scroll to Top