Продолжува Мото ГП „вртелешката“ – Петручи е седми различен победник во 2020

Продолжува Мото ГП „вртелешката“ – Петручи е седми различен победник во 2020

пред 7 месеци

Возачот на Дукати, Италијанецот Данило Петручи стана седмиот различен победник во Мото ГП шампионатот оваа сезона, откако на влажната патека Ле Ман триумфираше на Француското ГП пред дебитантот Алекс Маркез кој го освои првиот подиум во кариерата за Репсол Хонда и Пол Еспаргаро за КТМ.

Повредата на Мото ГП „кралот“ последните сезони, постариот брат на Маркез, Марк Маркез, предизвика невидена борба за титулата оваа сезона со осум различни победници во 10 трки и дури 15 различни возачи на подиумот.

Дождот на стартот на патеката значеше дека ова ќе биде прва Мото ГП трка на влажна патека од 2018 година и прва влажна трка за многу млади возачи во шампионатот. Освојувачот на пол-позицијата и лидер во генерален пласман, Фабио Квартараро доминираше цел викенд на сува патека, но бргу стана јасно дека Јамаха нема мотоцикл за ваква трка, и Французинот беше поминат веднаш, со поискусните возачи напред – Данило Петручи, Андреа Довициозо и Џек Милер.

Трката имаше пресврт кога Џек Милер успори поради механички проблеми, а Алекс Ринс се излизга на третата кривина, дозволувајќи Петручи да направи предност од две секунди, која ја заддржа до крајот на трката за втор триумф во кариерата. Дебитантот Маркез имаше фантастичен втор дел од трката, која да траеше круг-два подолго ќе стигнеше до победата.

Пол Еспаргаро го помина Довициозо и Жоан Зарко за пласман на подиумот, додека Квартараро беше само на деветтото место, доволно да остане лидер во генерален пласман пред Довициозо на пет трки пред крајот на сезоната.

Share

AniWatch dubbed anime: Watch Dr. Stone Episode 7 (https://aniwatch.pro/m/QWAB/ep-7)

AnimeFreak fire force animefreak: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 1

Scroll to Top