Прозингинс повеќе не е играч на Бостон

Прозингинс повеќе не е играч на Бостон

пред 12 часа

Репрезентативецот на Летонија, Кристапс Порзингис повеќе не е играч на Бостон Селтикс. Во размена на три тима, Прозингинс заврши во Атланта Хокс.

Бостон Селтикс решија да ги „исчистат“ своите редови и да направат ред во платниот список. Прво во понеделникот го испратија Џру Холидеј во Портланд, а за возврат го добија Енферни Симонс.

Само еден ден подоцна, франшизата од Масачусетс направи нова размена и го испрати Кристапс Порзингис во Атланта Хокс.

Ова беше размена на три тима, при што Порзингис заврши во Атланта со избор од втората рунда, Бостон го доби Жорж Нијанг и избор од втората рунда, а Бруклин го доби Теренс Ман и 22-от избор од првата рунда.

Бостон Селтикс и нивниот генерален менаџер Бред Стивенс завршија фантастична работа.

Со заминувањето на Џру Холидеј и Кристапс Порзингис, тие отидоа под второто даночно ниво и заштедија околу 180 милиони долари на сметка на овие две размени.

Се предвидува дека ќе потрошат 203 милиони долари за плати на играчите следната сезона, а моментално имаат 13 од нив (вклучувајќи играч кој ќе биде избран на овогодинешниот драфт), што значи дека Селтиксите ќе имаат место за уште еден играч на ветеранскиот минимум и да изберат некого во втората рунда.

Да ве потсетиме дека Џејсон Тејтум ќе ја пропушти целата следна сезона поради скината Ахилова тетива. Во преодниот рок може да се очекува Бостон да го напушти Џејлен Браун или Дерик Вајт.

Share
Scroll to Top