Волф: Шефовите на Мекларен и Ред бул само шират „ср.ња“

Волф: Шефовите на Мекларен и Ред бул само шират „ср.ња“

пред 3 години

Шефот на Ф1 тимот на Мерцедес, Тото Волф, во неверојатно искрено интервју за австрискиот „ОЕ24“, вели дека шефот на Мекларен, Зек Браун е ист како шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер во ширењето „ср.ња“ околу планот на Мерцедес во 2022 да возат со Макс Ферстапен и Џорџ Расел.

Браун очекува Луис Хамилтон да се повлече од спортот откако оваа сезона ќе ја освои осмата светска титула, а додава дека Валтери Ботас нема иднина со тимот, така што очигледен заклучок е дека „Макс и Џорџ ќе возат таму“. Мерцедес ја менаџираат кариерата на возачот на Вилијамс, Расел, но Ферстапен има договор со Ред бул. Волф беше очигледно изнервиран од вакви споредби.

„Браун е ист како Кристијан Хорнер. Само шират ‘ср.ња’. Мислам дека Зек сакаше да се израмни со Кристијан со таа изјава. Не ми е грижа, тоа е нивни проблем“, вели Волф.

Во истото интервју Волф исто така прикриено ги нападна Ферари со наводното мамење на крајот на сезоната 2019 со нелегалниот проток на горивото во нивниот мотор.

„Нечесноста во Формула 1 ја сфаќам лично, бидејќи верувам во вредностите на спортот и првото е да биде фер. Затоа има луѓе кои целосно ја загубија почитта од мене. Нивното аматерско макијавелистичко однесување е манипулативно. Со насмевка на лицето и омраза и негативност кон нас“, вели Волф.

Share
Scroll to Top