Против Литванија во Скопје без Димитријевиќ

Против Литванија во Скопје без Димитријевиќ

пред 7 часа

Ненад Димитиријевиќ вечерва со Милано гостува во Белград кај Партизан. Натпреварот во Белград е важен за двата тима, Партизан сака д ја прекина серијата порази,а Милано да се рехабилитира од шокантниот пораз во Берлин од Алба.

Во разговор за српските медиуми Димитирјевиќ откри дали ќе игра за Македонија наредната недела.

„Нема да го играм првиот (21 ноември). Истиот ден играме со Макаби во Евролигата, па нема да бидам подготвен за натпреварот во Скопје. Се надевам дека ќе играм во Литванија (три дена подоцна). Се надевам дека ќе бидеме конкурентни, таа победа би ни била важна. Би сакал да имаме шанса да се пласираме на Евробаскетот“.

Во досегашниот тек од Евролигата, Димитиријевиќ има просек од 10,4 поени, 3,8 асистенции и 2,6 скока.

Share
Scroll to Top