ПСЖ продаде над милион дресови на Меси!

ПСЖ продаде над милион дресови на Меси!

пред 3 години

„Меси-манијата“ не престанува. Пари Сен-Жермен успеале да продадат над милион дресови на аргентинскиот ас по слободниот трансфер на аргентинската ѕвезда, јавуваат шпанските медиуми.

Со ова дефинитивно паѓа рекордот на Јувентус, кој во 2018 година продаде 520.000 дресови на Кристијано Роналдо по спектакуларниот трансфер од Реал Мадрид.

Во првите 24 часа од пуштањето на продажба се продале вкупно 832.000 дресови со вредност од над 100 милиони долари. Клубот заработува 10 отсто од продажбата, додека остатокот оди кај „Најк“.

На веб-сајтот на ПСЖ, дресот чини фантастични 158 евра, додека во фан-шопот на „Паркот на принцовите“ цената е помала – 115 евра, иако ова е таканаречен „стадиумски дрес“. За дресот кој навистина се носи на мечевите, ќе мора да се го изберете „дресот за меч“, кој чини 165 евра.

Share
Scroll to Top