Разбојниците кои го ограбиле Лампард уапсени во Србија

Разбојниците кои го ограбиле Лампард уапсени во Србија

пред 9 месеци

Организирана криминална група, која во Англија се бара за измама и ограбување на голем број познати и богати луѓе, меѓу кои и Френк Лампард, е уапсена денеска во Белград, пишува „Блиц“.

„По наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, во координација со СБПОК и полициските служби на Велика Британија, денеска на територијата на Белград, по спроведена предистражна постапка, од слобода се лишени шест лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело здружение за извршување кривично дело и кривично дело перење пари“, пишува весникот и додава:

„Двајца осомничени се надвор од територијата на Република Србија и во моментов се недостапни за државните органи. Оваа организирана криминална група во периодот од 02.02.2018 до 15.12.2023 година формирала организирана криминална група на територијата на Република Србија, која парите стекнати со криминални активности ги инвестирала во купување на недвижен имот и на тој начин го вовела во правните парични текови“.

Се сомнева дека групата упаднала во домовите на познати Британци (покрај Лампард се споменува и Тамара Еклстоун, покојниот сопственик на Лестер, Вишај Шривадханапраба и др.) и дека вкупната вредност на парите и предметите однесени изнесува 26 милиони фунти.

Осомничените подоцна со тие пари купиле претежно недвижен имот во Белград, но и луксузни автомобили.

Share
Scroll to Top