Расел на пол-позицијата во Мелбурн, Ферстапен стртува 20-ти

Расел на пол-позицијата во Мелбурн, Ферстапен стртува 20-ти

пред 4 часа

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, утрово ја освои пол-позицијата за првата трка во овогодинешното првенство на Формула 1, кое ќе се одржи во Австралија.

Расел стигна до осмата пол-позиција во својата кариера на патеката „Алберт Парк“ со време од 1.18.518 минути.

Неговиот колега, Кими Антонели, беше втор, со заостанување од 0.293 секунди, додека Исак Хаџар од Ред Бул заврши трет, со заостанување од 0.785 секунди зад Расел.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, го освои четвртото место во квалификациите, а Оскар Пјастри од Мекларен беше петти.

Актуелниот шампион, Ландо Норис, ќе ја започне трката од шестото место.

Луис Хамилтон (Ферари), Лиам Лосон (Рејсинг Булс), Арвид Линдблад (Рејсинг Булс) и Габриел Бортолето (Ауди) завршија меѓу првите 10.

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, излета од патеката во првиот дел од квалификациите, па ќе ја започне трката од 20-та позиција.

Трката за Големата награда на Австралија ќе се вози утре наутро од пет часот.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top