Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Шпанецот Иско предвреме го напушти последниот тренинг со екипата, јавува „Марка“.
Причина за вакво нешто е што 29-годишниот фудбалер пројавил симптоми на настинка само неколку минути откако го започнал тренингот.
Се претпоставува дека ова можна последица од вакцинацијата против КОВИД-19, која тој ја прими на 19 овој месец, заедно со неговите соиграчи.
Непосредно пред тренингот, Иско имал два негативни теста на ковид-тестот.
На 25. јули, Реал Мадрид е предвидено во Глазгов да одигра пријателски натпревар против Ренџерс, а на 8 август, „кралскиот клуб“ ќе игра Милан во австриски Клагенфурт.