Откако Реал Мадрид се појавија со втора, обновена понуда за Килијан Мбапе од Пари Сен-Жермен, двата клуба почнаа да разговараат за комплетирањето на трансферот, јавуваат француските и шпанските медиуми, во прв план „Л’Екип“ и „Марка“, два угледни спортски весници.
Според нивните информации, откако вчера беше одбиена понудата од 160 милиони евра како „непристојна и недостојна“ (зборови на спортскиот директор Леонардо), денешната понуда од 170 милиони евра плус 10 милиони евра во лесно остварливи бонуси, не беше директно одбиена од катарските газди и договорот е многу блиску. Со оваа сума, Реал ќе ја израмни сумата која Пари Сен-Жермен ја платија за Мбапе на Монако со што тој стана вториот најскап играч на сите времиња.
Според „Марка“, официјалната потврда може да дојде уште утре, бидејќи ПСЖ би сакале бргу да се комплетира трансферот за да не се фрли сенка на првиот меч на Лионел Меси за клубот. Реал, пак, конечно го добива тоа што го посакуваше со својот најскап трансфер во историјата.
?? IT’S HAPPENING.
Kylian Mbappe is close to joining Real Madrid.https://t.co/EusQLZ3mbE
— MARCA in English (@MARCAinENGLISH) August 26, 2021
Après l’offre de 180 millions d’euros, le PSG accepte de discuter de Kylian Mbappé avec le Real Madrid : https://t.co/WQx1quwIcH pic.twitter.com/G1004LJx1C
— L’ÉQUIPE (@lequipe) August 26, 2021