Реал сака да го раскине договорот со Азар

Реал сака да го раскине договорот со Азар

пред 2 години

Реал Мадрид сака да се ослободи од услугите на Еден Азар во летниот преоден рок. Клубот веќе ги започнал преговорите за разделба со најскапиот играч во клупската историја. Реал го купи Азар од Челзи за 115 милиони евра.

Азар последниот натпревар во дресот на Реал го одигра на 11 септември минатата година. Белгиецот не е во плановите на Карло Анчелоти, па во интерес на сите е тој да си замине. Само евентуалното заминување на Карло Анчелоти од клупата би можело да го задржи во Мадрид.

Азар требаше да биде голема ѕвезда во Мадрид, но тој стана една од најлошите инвестиции во историјата на „Кралскиот клуб“.

Од неговото доаѓање во летото 2019 година до почетокот на 2023 година, тој одигра само 73 натпревари за Реал. Сезонава само седум пати беше на теренот, од кои само два пати како стартер. Сезонава на теренот бил само 296 минути.

Договорот на Азар со Реал истекува во јуни 2024 година.

Share
Scroll to Top