Ред бул очекува ФИА да го спречи „подвижното крило“ на Мерцедес

Ред бул очекува ФИА да го спречи „подвижното крило“ на Мерцедес

пред 3 години

Откако последните неколку трки беа под закана на протест на Мерцедес за подвижните делови на задното крило на Ред бул, сега шпекулациите по Француското ГП велат дека Ред бул веќе побарале „разјаснување“ од ФИА за предното крило на ривалите од Мерцедес.

Ред бул подолго време покажуваат видеа на кои се гледа како предното крило на болидите на Мерцедес се „витка“ под притисок, нешто што не е дозволено според правилата. Шефот на Мерцедес, Тото Волф имаше интересен коментар.

„Можеби ќе се случи нешто. За нас нема да биде проблем предните крила да се движат помалку“, вели Волф, посочувајќи дека тоа не им носи голема предност во пеформансите.

Советникот на Ред бул, Хелмут Марко тврди дека ФИА ќе донесе конечна одлука.

„Мислам дека ФИА веќе работи на тоа. Имаме доволно визуелни докази, и очекуваме да донесат иста одлука како со задното крило“, вели Марко, по воведувањето на дополнителни тестови на задното крило овој викенд во Франција.

Share
Scroll to Top