Фудбалскиот виртуоз, Лука Модриќ во 62 минута го замолча „Хемпден парк“.
По една трпелива акција на Хрватите од левата страна, топката дојде до него, а тој со одмерен удар со надворешен фелш од 18-тина метри биеше во десниот горен агол од голот на Маршал за водство од 2-1 за „коцкастите“.
Модриќ со неговиот прв гол на ЕУРО 2020 конкурира за еден од најубавите голови на првенството.