Ривалките сметаат дека е „лоша шега“ што трансродовата спортистка ќе биде на ОИ

Ривалките сметаат дека е „лоша шега“ што трансродовата спортистка ќе биде на ОИ

пред 3 години

Белгијката Ана Ванбелинген, една од фаворитките за освојување на олимписки медал во кревањето товар до 78 килограми, смета дека се работи за „лоша шега“ што на новозеландската трансродова натпреварувачка Лорел Хабард и е дозволено да се бори за олимписко злато.

Доколку учествува на Игрите во Токиио, Хабард ќе стане првиот трансродов спортист во историјата на Олимпијадата, но Ванбелинген смета дека тоа ќе штети на женскиот спорт.

„Прво, да посочам дека целосно ја поддржувам трансродовата заедница, и ова не доаѓа од моето отфрлање на нејзиниот идентитет. Меѓутоа, секој кој некогаш кревал товар на професионално ниво ја знаа вистината – ова е нефер за спортот и за жените. Ова има огромно значење за сите кои се натпреваруваме и работиме постојано и за нас е како лоша шега“, вели Ванбелинген.

Хабард до 2013 година се натпреваруваше во машкото кревање товар и многу од нејзините ривалки сметаат дека има нефер предност со тоа што е билошки маж. Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) дозволи трансродовите спортисти да се натпреваруваат доколку во годината пред натпреварувањата имаат постојани тестови на нивото на тестостерон.

И сонародничката на Хабард, Трејси Ламбречс смета дека не треба да биде дозволено да се натпреварува.

„Навистина сум разочарана за сите жени кои ќе загубат поради ова. Сите сме за еднаквост во спортот, но со овој потег таа еднаквост ни се одзема. Што да правиме, ова не е фер, а секој совет кој го добиваме е да молчиме“, изјави Ламбречс.

Share
Scroll to Top