Рино Гатузо ја презеде репрезентацијата на Италија

Рино Гатузо ја презеде репрезентацијата на Италија

пред 23 часа

Италија официјално доби нов селектор. Во наредниот период, Азурите ќе ги води долгогодишниот репрезентативец на оваа земја, Џенаро Гатузо.

Еден од најомилените синови на италијанскиот фудбал, синоним за бескомпромисна борбеност, го презеде жешкиот компир.

По шокантниот почеток на квалификациите за Светското првенство и убедливиот пораз од Норвешка (3:0), Италијанската фудбалска асоцијација одлучи да му се заблагодари на Лучано Спалети и да го замени со поранешниот играч на Милан.

За разлика од неговата играчка кариера, која беше полна со трофеи, не само клупски со Милан, туку и со репрезентацијата (стана светски првак во 2006 година), Гатузо како тренер нема забележителни резултати. Од 2013 година, тој раководеше со дури девет клуба, а во ниту еден од нив не успеа да заврши две сезони.

Неговата последна работа беше во Хајдук, а претходно ги водеше Сион, Палермо, ОФИ, Пиза, Милан, Наполи, Валенсија и Олимпик Марсеј. Тој освои само еден трофеј, Купот на Италија со Наполи.

Share
Scroll to Top