„Рисовите“ активни, но без завршница – Македонија и Романија без голови по првите 45 минути

„Рисовите“ активни, но без завршница – Македонија и Романија без голови по првите 45 минути

пред 3 години

Македонската фудбалска репрезентација и покрај подобрата игра, не успеа да дојде во водство против Романија по првите 45 минути од шестото коло во квалификациите за Светското првенство на арената „Тоше Проески“, во полувреме во кое ни недостасуваше вистинска завршница.

Селекторот Благоја Милевски се реши да не менува во својот тим од гостувањето на Исланд, стартувајќи со Димитриевски на голот, Ристовски, Велковски, Муслиу и Алиоски во одбраната, Барди и Елмас во средниот ред и Костадинов, Ристовски и Чурлинов напред.

Стартот на мечот дефитивно беше во знакот на „рисовите“ со постојан притисок и со над 60 отсто посед на топката во првите 20 минути, но четири-пет обиди пред голот на Романија беа непрецизни. Тогаш се заканија и Романците, преку Сореску, но Димитриевски одлично реагираше да го спаси голот. Во 34. минута по убавиот обид на Чурлинов, Елмас имаше одлична шанса, но голманот Ница одлично реагираше.

Во вториот меч од нашата група, Германија веќе има 0:2 водство на Исланд по 45 минути. Серж Гнабри во четвртата минута го отвори резултатот, за Антонио Ридигер да зголеми на 0:2 во 24. минута.

Фото: ФФМ

Share
Scroll to Top