Рома потврдија дека проектот за изградба на нов стадион на „волчицата“ во Тор ди Вале е прекинат, со што се става крај на сонот кој трае повеќе од 8.5 години.
Во финансискиот извештај за првите шест месеци во 2020/21, „волчицата“ потврди дека Гвидо Фиенга останува генерален директор, но фановите најмногу ги погоди крајот на проектот за нов, модерен стадион.
„Газдите на Рома планираат да инвестираат за да бидат поконкурентни, во победнички тим кој би играл на нов, модерен и ефикасен стадион. Но, по советите од финансиските и легалните советници, веќе не постојат услови да се гради нов стадион во областа Тор ди Вале. Пандемијата на КОВИД-19 исто така ја смени интернационалната економска ситуација за проектот“, се вели во соопштението на Рома.