Роналдо: Головите се дел од тоа што сум, не можам да сопрам

Роналдо: Головите се дел од тоа што сум, не можам да сопрам

пред 4 години

Иако има 36 години, Кристијано Роналдо најави дека ќе продолжи со „ловот“ на фудбалските рекорди бидејќи „едноставно не може да сопре“.

Напаѓачот на Јуве постигна хет-трик при 3:1 победата над Каљари во неделата за да го сруши рекордот на Пеле и малку да ги замолчи критичарите кои сметаа дека тој е виновен за елиминацијата во Лигата на шампионите од Порто.

Роналдо го прослави успехот со два поста на Инстаграм во која го објасни својот мотив по стигнувањето на цифрата од 770 голови.

„Има уште многу за остварување и верувам дека можеме да го оствариме тоа заедно. Головите се основен дел од тоа што сум, и не можам да сопрам да одам по повеќе, по нов рекорд. Секогаш сакам повеќе и повеќе и затоа луѓето често велат дека имам енергија. Не сакам да сопрам никогаш. Тоа ме држи во живот“, вели Роналдо.

Share
Scroll to Top