Роналдо на пат кон „Олд Трафорд“?

Роналдо на пат кон „Олд Трафорд“?

пред 3 години

Кристијано Роналдо ќе го напушти Јувентус, доколку клубот не избори пласман во Лигата на шампионите. Манчестер јунајтед покажале интерес да го врата Португалецот на „Олд Трафорд“.

Менаџерот на Роналдо, Жорж Мендеш, им го понудил својот клиент на ПСЖ и Реал, но во Париз и Мадрид не биле заинтересирани за неговите услуги.

Проблем за заинтересираните клубови претставува платата на Роналдо. Португалецот во Јувентус има годишна плата од 31.000.000 евра.

Манчестер јунајтед покажале интерес, но само под услов Роналдо да се согласи на 50 отсто помала плата.

Договорт на Роналдо со Јунајтед истекува во 2021 година.

Кристијано Роналдо, во периодот од 2003 до 2009 година, играше за Манчестер јунајтед.

Share
Scroll to Top