Во Мото ГП круговите се шушка дека Валентино Роси повотрно е позитивен на корнавирусот. Поради тоа неговата замена Герет Герлоф повторно е во Валенсија. Во овој шпански град треба да се вози птрпоследната трка во сезоната.
„Докторот“, прв пат беше позитивен пред двете трки кои се возеа во Арагон. Пред трката за Големата награда на Европа, која минатиот викенд се возеше во Валенсија, Рисо доби негативен тест и со самото тоа дозвола да настапи на тренинзите и на трката.
Наводно, Роси, по трката повторно имал позитивен тест, иако не се исклучува можноста тестот да бил лажно-позитивен.
За да настапи на Големата награда на Европа, неговиот тим Јамаха, мора да достави два негативни теста.
Поради тоа од Јамаха, повотрно го повикале Американецот Герет Герлоф.