Бизарна ситуација се случи на АТП турнирот во Доха. Андреј Рубљов, не одигра ниту еден поен, а избори пласман во полу-финалето.
Рубљов, кој победи минатата недела во Ротердам, на турнирот во Доха е поставен за трет носител. Во првото коло беше слободен, а во второто коло ветеранот Ришар Гаске му го предаде мечот.
Истото се случи и во четврт-финалето, Мартон Фучович, поради повреда на ногата му го предаде мечот.
Инаку, Рубљов го победи минатата недела во финалето, на турнирот во Ротердам.
Противник во полу-финалето на Рубљов ќе му биде победникот од мечот помеѓу првиот и седмиот носител, Доминик Тим и Роберто Баутиста-Агут.