Русинките ја „нокаутираа“ Норвешка, ќе играат финале во Токио

Русинките ја „нокаутираа“ Норвешка, ќе играат финале во Токио

пред 3 години

Русија ќе игра за олимпиското злато во ракомет против Франција, откако во драматичниот меч ги совладаа Норвежанките со 27:26.

Русинките имаа одличен старт на мечот и на полувреме имаа три гола предност (14:11), пред да направат и разлика од +6, пред Норвежанките да имаат камбек и да дојдат на само еден гол разлика.

Ана Вјахирева беше најдобра со осум гола, додека Екатерина Илина и Ксенија Макеева има по четири гола. На Норвешка не помогнаа ниту 10-те гола на Нора Морк, и сега ќе играат со Шведска во нордиски дуел за бронзата.

Share
Scroll to Top