Русите надмоќно до златото во штафетата 4×10 километри

Русите надмоќно до златото во штафетата 4×10 километри

пред 3 години

Русија во голем стил го освои златниот медал, во машката штафетна трка на 4×10 километри на Зимските олимписки игри во Пекинг. За Русија ова е прво штафетно злато на ЗОИ по пауза од 42 години.

Русите и пред трката беа фаворити, а победата ја најави Алексеј Червоткин во првата измена, кога стекна предност од 22 секунди во однос на ривалите. До крајот Александар Бољшунов, Денис Шпицов и Сергеј Устјугов само ја зголемија предноста. На крајот имаа време од 1:54:50,5 часа.

Голема борба водеа Норвешка и Франција за сребрениот медал. Мањифика успеа да го стигне Клебо во последните 3,3 километри, меѓутоа Норвежанецот покажа дека е подобра спринтер и успеа да го одбие нападот.

Штафетата на Норвешка задоцни за 67 секунди, а Французите од Русите имаа послаб резултат за 76 секунди.

Share
Scroll to Top