Скалони: Победиле или не – Меси е најдобриот во историјата!

Скалони: Победиле или не – Меси е најдобриот во историјата!

пред 3 години

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина – Лионел Скалони смета дека Лео Меси не треба веќе никому ништо да докажува пред утрешното финале на Копа Америка против Бразил во Рио.

Во досегашната блескава кариера Меси никогаш не освои ниту еден трофеј со Аргентина. За многумина тоа е се уште причината тој да биде оквалификуван како најдобриот фудбалер на сите времиња. Утре рано наутро, со почеток во 2 часот ќе има можност сето тоа да го промени.

Сепак, Скалони вели дека Меси многупати ја докажал својата класа.

„Победиле или не – Меси е најдобриот во историјата на оваа игра. Не му е потребна титула за тоа да го потврди. Секако дека сакаме да ја освоиме Копа Америка, но тоа нема врска со Меси. Толку многу пати блескаше, па дури и нашите противници признаваат дека тој е најдобриот играч кој некогаш се занимавал со овој спорт“ изјави Скалони.

Мечот меѓу Бразил и Аргентина се игра на легендарната „Маракана“.

Share
Scroll to Top