„Секогаш кога не му оди Новак бара медицински тајмаут“

„Секогаш кога не му оди Новак бара медицински тајмаут“

пред 4 години

Пабло Карењо Буста освои еден сет но не успеа да направи изненадување против најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ. Во четврт-финалето ан Ролан Гарос Ѓоковиќ славеше со 4/6, 6/2, 6/3, 6/4.

Карењо Буста рекол дека тој одиграл добар меч, но дека не можел да се носи со првиот носител на турнирот. На крајот рекол дека Новак секогаш бара медицински тајмаут кога не му оди на теренот.

Ѓоковиќ особено во првиот сет имаше проблеми со болките во вратот и лактот на левата рака.

„Тоа е вообичаено за него. Секогаш го прави тоа. Последните години секогаш го прави тоа кога има проблеми на теренот. Не знам, можеби е поради притисокот или можеби поради нешто друго. Потоа тој продолжува да игра како ништо да не се случило. Не знам дали навистина нешто го боли или е до главата. Тоа него ќе го прашате“, рекол Карењо Буста.

Share
Scroll to Top