Златан не се откажува: Сега, имаме борба за скудетото пред нас

Златан не се откажува: Сега, имаме борба за скудетото пред нас

пред 3 години

Златан Ибрахимовиќ вели дека Милан покажал желба за победа по секоја цена која го покажува карактерот на тимот по трилер 3:2 победата кај Фиорентина.

И покрај многубројните повреди, но и уморни од поразот од Манчестер јунајтед во четвртокот во Лига Европа, Милан се врати од 2:1 негатива за да стигне до 3:2 победа во Фиренца.

„По пораз и елиминација од Лига Европа, сега имаме борба за скудетото. Ваков камбек ни беше многу потребен. Имавме менталитет, дух, губевме со 2:1, но сакавме победа. Покажавме дека тимот има карактер и мора да продолжиме вака. Јас ја преземам одговорноста колку што можам, на теренот и надвор од него. Реакцијата беше одлична, ова е тежок дел од сезоната и сега некои ќе имаат пауза. А, некои, не, ќе играат за репрезентациите“, изјави Ибрахимовиќ, посочувајќи на враќањето во шведската репрезентација.

Милан има 59 поени по 29 натпревари во Серија А, и заостанува шест зад градскиот ривал Интер, кој има и натпревар помалку.

Share
Scroll to Top