Сабаленка го осови Њујорк

Сабаленка го осови Њујорк

пред 2 недели

Арина Сабаленка ја освои титулата на Ју-ес опен.

Белорусинката, во големото финале, по голема борба и 114 минути игра ја совлада шестата светска тенисерка Американката Џесика Пегула со 7:5, 7:5.

Сабаленка, во своето второ финале во Њујорк, ја освои првата титула на Флешинг Медоус. За девојката од Минска ова е трета Гренд слем титула во кариерата, две има во последните две години во Австралија.

Белорусинката во краток период ја победи Пегула, пред три недели таа ја победи во финалето на мастерсот во Синсинати.

Сабаленка ја потврди силата на бетон, ова беше нејзина 27. победа во 28 Грен слем меча на бетон во последните две години.

Share
Scroll to Top