Погба: Молчете кога не знаете што се случува

пред 3 години

По цела недела шпекулации и контроверзни изјави на неговиот агент Мино Рајола, Пол Погба одговори на критичарите тврдејќи дека е „1000 отсто“ посветен на Манчестер јунајтед и дека тие кои не знаат што се случува треба да молчат.

Погба влезе од клупата и постигна гол против РБ Лајпциг во Лигата на шампионите, но „ѓаволите“ беа поразени со 3:2 и излетаа од натпреварувањето, по што беше стартер при 0:0 ремито со Манчестер сити.

„Секогаш сум се борел и ќе се борам за Манчестер јунајтед, моите соиграчи и фановите. Бла, бла не е важно. Иднината е далеку, денеска е важно што сум тука и што сум 1.000 отсто посветен. Секогаш силни заедно. Меѓу мене и клубот нема проблеми и тоа нема да се промени. Кога не знаете што се случува внатре не зборувајте“, напиша Погба на Инстаграм.

Share
Scroll to Top