Салах го одигра 100. натпревар за Египет

Салах го одигра 100. натпревар за Египет

пред 1 недела

Мохамед Салах стана 11-от играч на Египет со 100 или повеќе натпревари за репрезентацијата. Јубилејот го крунисан со гол и убедлива победа на неговата репрезентација против Боцвана.

Салах го одигра својот 100. натпревар за Египет, а во националниот тим постигна вкупно 56 гола. Напаѓачот на Ливерпул во 56.минута постигна гол во триумфот на неговата репрезентација со 4:0.

Првите два гола за Египет ги постигна трезеге, а конечниот резултат го постави Фати во 94.минута.

Квалификациите за пласман на Африканскиот куп Египет ги започна со две победи.

Share
Scroll to Top