Флојд Мејведер му купи дијамантски „Ролекс“ на својот новороден внук

Флојд Мејведер му купи дијамантски „Ролекс“ на својот новороден внук

пред 3 години

Флојд Мејведер Јуниор, еден од најдобрите боксери во историјата и човекот со 50-0 скор, е познат по тоа што ги сака луксузните работи во животот и по неговата колекција од 41 дијамантски часовник, така што не изненадува дека на својот внук Кентрел, кој има само пет недели му подари „Ролекс“.

Ќерката на Мејведер, Јаја на Инстаграм се пофали  со часовникот на бебето, кој според повеќе извори е „Ролекс Ојстер перпетуал дејт“, часовник вреден од околу 35.000 евра, кој со дополнителните дијаманти чини и до 100.000 евра.

43-годишниот Мејведер има колекција од 41 дијамантски часовник, од кои најскапиот е „Џејкоб & Ко Турбијон Билионер“, вреден 15 милиони долари.

Share
Scroll to Top