Борусија Дортмунд се пласираше во полуфиналето на германскиот ДФБ куп, откако на гостувањето кај „другата“ Борусија во Менхенгладбах стигнаа до 1:0 победа.
Човек на одлука беше Џејдон Санчо во 66. минута од мечот, откако претходно беше поништен еден гол на Ерлинг Халанд поради фаул во напад.
Второто четврт-финале помеѓу второлигашот Регензбург и Вердер Бремен беше откажан поради повеќе случаи на КОВИД-19 кај тимот на Регензбург.