Севилја им се налути на Србите, Гудељ играл 300 минути

Севилја им се налути на Србите, Гудељ играл 300 минути

пред 4 години

Немања Гудељ, во изминатите шест дена, за својата репрезентација одиграл три натпревари, односно на теренот минал 300 минути. Овој податок ги налутил луѓето од неговиот клуб, Севилја.

Гудељ, минатиот четврток, ги одигра сите 120 минути против Шкотска, постигна и гол во пенал-серијата, но Србија не успеа да се палсира на ЕУРО 2021. Потоа играл по 90 минути против Унгарија и Русија во Лигата на нации.

„Мундо Депортиво“, пишува дека тренерот на Севилја, Хулен Лопетеги, не бил задоволен како од Фудбалскиот сојуз на Србија постапиле во оваа ситуација. Лопетеги нема да може да смета на Гудељ, во сабота, кога Севилја ќе игра против Селта во Виго.

Слична ситуација Севилја има и со Лук Де Јонг, разликата е само во тоа што тој синоќа против Полска одигра шест минути, за разлика од претходните два меча против Шпанија и Босна и Херцеговина.

Share
Scroll to Top