Селекторот на Шпанија Де ла Фуенте: Го имаме најдобриот тим и најдобрите играчи

Селекторот на Шпанија Де ла Фуенте: Го имаме најдобриот тим и најдобрите играчи

пред 3 месеци

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте изјави дека неговата селекција заслужено се пласирала во четвртфиналето на Европското првенство во Германија, пренесуваат шпанските медиуми.

Шпанија синоќа во Келн ја совлада Грузија со 4:1 во осминафиналето на Европското првенство. Шпанија во четвртфиналето на ЕП ќе игра против Германија.

“Го имаме најдобриот тим и најдобрите играчи. Противникот нареден е моќен тим со одлични играчи. Ќе биде многу неизвесна игра. Она што одредува дали сте силен тим или не е способноста за веслање и туркање во вистинската насока на моментот“, рече Де ла Фуенте.

Share
Scroll to Top